Шортс веќе се спакува, има нов клуб во Евролигата

Ти-Џеј Шортс минатата сезона беше меѓу главните кандидати за МВП признанието, си обезбеди преселба во Панатинаикос, но наместо трансфер од соништата тоа се претвори во кошмар, откако македонскиот репрезентативец не успеа да се снајде во бројните ротации и тактички експерименти на Ергин Атаман.

ПАО има исклучително неуспешна сезона, неизвесно е дали Атаман воопшто ќе остане за 2026/27, но за Шортс нема дилема дека најдобро е што поскоро да си замине од Атина. Последните информации говорат дека тој е веќе договорен со новиот клуб, и тоа богатиот Хапоел Тел Авив кој веќе постигнал договор за двогодишна соработка со експлозивниот плејмејкер.

Хапоел летово ќе остане без Џонс, а на Шортс се гледа како на идеално дополнување на плејмејкерската позиција, на која тренерот Итудис го има и Василије Мициќ.

Ти-Џеј се уште е под договор со ПАО, но грчкиот тим е подготвен да даде зелено светло за негово заминување за соодветна отштета, па се очекува преговорите со Хапоел да се интензивираат во следните десетина дена.

Се вчитува...