Андреј Шошкиќ прераснува во лидер на тимот на Стоуни брукс во НЦАА-лигата откако токму македонскиот репрезентативец ја имаше улогата на херој на гостувањето против ЛМУ, во победата од 68-71, прв триумф на Стоуни брукс на гостувањето против овој реномиран ривал во историјата на НЦАА.
Шошкиќ и соиграчите одиграа одлично прво полувреме во кое имаа двоцифрена предност, но домаќините се вратија. Во последните секуннди Стоуни брукс имаше „плус три“, ЛМУ тргна во напад за израмнување, но тоа го спречи токму Андреј со фантастична блокада при обидот за тројка на најдобриот домашен кошаркар.
Шошкиќ мина на теренот 25 минути, период во кој реализираше 10 поени (4/7 од поле), имаше и три асистенции и две украдени топки.
Andrej going all out to secure the dub 🙌 pic.twitter.com/btIrNtSxOx
— Stony Brook Men’s Basketball (@StonyBrookMBB) November 30, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

