Јокиќ царуваше во Њу Орлеанс (видео)

Никола Јокиќ беше во главн улога во најновата победа на Денвер нагетс, извојуваа на гостувањето против Њу Орлеанс со резултат 99-105. Њу Орлеанс 24 часа претходно како гостин го совлада тимот на Хјустон, но без помошта на четири од петте стандардни стартери „пеликаните“ не можеа да го повторат успехот и против Денвер. Холидеј намали на 99-100 на 92 секунди до крајот, но Јокиќ со две успешни положувања стави печат на победата на гостинскиот тим. Српскиот ас го заврши мечот со 20 поени, 13 скокови и 10 асистенции, негов осми трипл-дабл натпревар сезонава.

Минесота по голема битка славеше над Мемфис со 99-97, дури по продолжение, благодарение на кошот со звукот на сирената на Таунс, додека Бостон премногу лесно и убедливо го доби дуелот со Шарлот со 32 поени разлика (126-94).

Резултати НБА:

Бостон – Шарлот 126-94, Мајами – Чикаго 89-105, Њујорк – Далас 90-114, Минесота – Мемфис 99-97 (по прод.), Њу Орлеанс – Денвер 99-105, Вашингтон – Индијана 107-89, Сакраменто – Индијана 135-113, Портланд – Јута 132-105.

Се вчитува...