Шоу на Лукман – Аталанта го „здроби“ Баер за трофеј во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Аталанта е освојувач на Лигата на Европа откако на извонреден начин максимално надигрувајќи го Баер Леверкузен славеше со 3-0 во финалната пресметка.

Нигерискиот напаѓач, Адемола Лукман е херојот на италијанскиот тим постигнувајќи хет-трик за победа.

Лукман им одржи вистинска лекција на тимот на Чаби Алонсо со два гола носејќи огромна предност за својот тим уште во првото полувреме.

Најпрво Лукман погоди за 1-0 уште во 12. минута, а потоа постигна извонреден погодок во 26. минута и за 2-0…

На крај, во второто полуврене, Нигериецот погоди и во 75. минута за конечни 3-0.

Се вчитува...