Шоу на прес-конференцијата на Мурињо, на подарок доби прскалка (ВИДЕО)

Прес-конференцијата на тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, пред утрешниот старт на Лигата на шампионите и дуелот со Интер, помина во знакот на перформансот што го направи новинар кој му додели подарок на Португалецот и го врати 16 години наназад во минатото.

На крајот од прес-конференцијата, пред да си замине Мурињо, од италијански новинар доби на подарок прскалка. Сите присустни во салата сфатија за што станува збор, за полуфиналето во ЛШ од 2010 година и двомечот меѓу Барселона и Интер.

Тогаш Мурињо седеше на клупата на Интер, првиот дуел на „Џузепе Меаца“ заврши со триумф на „Неразурите“ со 3:1, а во реваншот Барселона победи со минимални 1:0 и во финалето замина италијанскиот тим.

По крајот на мечот, фудбалерите и стручниот штаб на Интер започнаа да слават на „Камп Ноу“, а во тие моменти се вклучија прскалките за трева со цел да го прекинат славјето Интер.

Подоцна таа година, Интер во финалето кое се играше на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0 го победи Баерн Минхен.

 

 

 

 

Се вчитува...