Шоутајм во Далас: Дончиќ асистира зад грб, Порзингис забива „со глава до обрач“

Далас славеше над Мемфис со убедливи 121-96, а навивачите на домашниот тим можеа да уживаат во мајсториите на „ѕвездите“ на Далас, кои почнаа со атракции уште од самиот почеток.

Првите поени на домашниот состав воедно беа и најатрактивните на натпреварот, Дончиќ му додаде зад грб на Порзингис, а летонскиот ас финтираше тројка и се упати кон рекетот, со фантастично забивање крунисувајќи ја оваа акција.

Порзингис со 26 поени и 11 скокови беше најефикасен во таборот на Далас, додека Дончиќ го заврши натпреварот со 21 поен и шест асистенции.

 

Се вчитува...