Шпанецот Антонио Лахоз ќе ни суди на мечот со Романија

Познатиот и почитуваниот судија на европската фудбалска сцена, Антонио Матеу Лахоз од Шпанија, ќе ни суди в среда на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во третиот меч од овој септемвриски мундијалски квалификациски циклус против Романија во пресметката од шестата рунда во овие квалификации.

Ова за Лахоз ќе биде втор натпревар на кој ќе ѝ суди на Македонија, откако пред две години, на 13 октомври 2019, ни судеше во Полска, кога загубивме во квалификацискиот меч за пласман на ЕВРО 2020.

Инаку, Македонија и Романија ќе се пресметаат во „битката“ за најмалку второто место кое води во баражот за СП, а Романците во Скопје доаѓаат со бод повеќе на табелата, девет во однос на нашите осум досега.

Се вчитува...