Шпанецот го напушта Мадрид, Реал и Зидан веќе имаат негова замена

Променливата сезона која ја има тимот на Реал Мадрид сигурно ќе донесе бројни промени во тимот на Зинедин Зидан. Веќе се погласни се гласините за заминувањето на Лукас Васкез, кој ја одби понудата на „кралскиот клуб“ да ја продолжи соработката и по завршувањето на оваа сезона.

Реал му понуди 10 проценти помала плата, што Шпанецот не ја прифати, па клубот веќе подготвува негова замена.

Фудбалерот на Леванте, Хорхе де Фрутос е на мета на Реал, а тој беше и дел од тимот на Кастилја каде и играше на почетокот од својата кариера. Де Фрутос има 24 години и има одлична сезона во клубот каде постигна три гола и запиша дури 10 асистенции на 30 настапи, па ваквите бројки ги освоија Зидан и Перез, кои нема да се двоумат за да го донесат младиот фудбалер во своите редови.

Се вчитува...