Шпанецот Гони се врати во Арсими

Македонскиот прволигаш Арсими го официјализираше враќањето на Маркел Гони во своите редови.

Клубот и фудбалерот ја обновија соработката, со што Гони повторно ќе го облече дресот на тимот каде што веќе остави добар впечаток. Раководството на Арсими верува дека неговото искуство и познавање на тимот ќе бидат одличен поттик за остварување на сезонските амбиции во Првата лига.

Гони веднаш ќе им се приклучи на тренинзите на екипата и ќе биде во комбинација за претстојните првенствени натпревари.

Се вчитува...