Шпанија ги „помилува“ Реал и Барса – Новиот закон им одложи наплата на долг од „вртоглави“ 300 милиони евра!

Најтрофејните шпански клубови Реал Мадрид и Барселона се спасија и го искористија новиот закон, кој Шпанија го донесе за одложување на исплата на кредитите, со „амин“ и на службениот кредитен институт (ИЦО) со што го одложија плаќањето на долг од цели 300 милиони евра.

Според „Ел Конфиденсиал“, Барселона имала заем од 100 милиони евра откако се појави пандемијата со коронавирус со цел да ги покрие загубите од приходите на билети и дел од маркетингот, откако Ковид-19 ги заклучи стадионите повеќе од една година. Реал Мадрид, пак, земал кредит од 200 милиони евра, од кои 70 отсто се пари за реновирањето на „Сантјаго Бернабеу“, кој ќе чини безмалку 800 милиони евра.

Двата клуба во оваа втора година од пандемијата, секако ќе завршат со загуби, за Барселона веќе се проценува дека загубите ќе достигнат 200 милиони, а за „кралскиот клуб“ тие ќе бидат до 100 милиони, па според законот ако приходите паднат за најмалку 30 отсто или ако клубовите ја завршат годината со загуби, тогаш може и ќе добијат одложување на обврските и долговите кон доверителите.

Се вчитува...