Шпанија го објави списокот за ЕП 2024 година: Без Асенсио и Иско, повик за Начо

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за настап на Европското првенство ова лето во Германија. На списокот се најдоа неколку изненадувања, како Начо Фернандез и Азоје Перез, а тука е и Педри. Изоставени се имиња како Иско, Сансет, Асенсио…

Во овој список на Шпанија има 31 играч, а селекторот Де ла Фуенте ќе објави список од 26 играчи за ЕП после пријателските мечеви против Андора и против Северна Ирска.

Шпанија на ЕП ќе игра против Хрватска (15 јуни), Италија (20 јуни) и Албанија (24 јуни).

Се вчитува...