Шпанија посилна за Ентрериос против Македонија

mec baner

Шпанија ќе биде уште посилна за вечерашната пресметка со Македонија откако селекторот Жорди Рибера реши во составот да го вклучи и својот капитен Раул Ентрериос. Плејмејкерот на Барселона се жалеше на незгодна повреда во текот на подготовките, но успеа да се рехабилитира навреме и да го убеди стручниот штаб дека е максимално подготвен за деби на овој мундијал.

Иако делуваше „отпишано“ пред десетина дена, Раул Ентрериос против Македонија ќе го има своето деби на СП во Франција. Капитенот тренираше без проблеми во последните денови, па по синоќешниот тренинг беше донесена и одлуката тој да се појави на теренот против Македонија“ – објави весникот „Ел Мундо Депортиво“ во своето денешно издание.

За очекување е Ентрериос да одигра двесетина минути против Македонија, како би влегол во натпреварувачки ритам за најважниот дуел на Шпанија во Мец, утрешната пресметка со Словенија која ќе значи и директна битка за првото место во групата.

Се вчитува...