Шпанија постави нов рекорд на Европските првенства

Ракометната репрезентација на Шпанија постави рекорд по бројот за победи во низа на Европските првенства.

Победата над Чешка од 31-25 во првиот натпревар од главната фаза на шампионатот, беше седма победа во низа на „црвената-фурија“. Шпанци се актуелни бранители на тронот, откако во 2018 во финалето ја совладаа репрезентацијата на Шведска. Претходно, ги добија и Германија и Франција, а серијата е продолжена и во 2020 каде покрај од Чешка, на Шпанците им се поклонија и Летонија, Холандија и повторно Германија.

Следен противник на Шпанија ќе биде еден од домаќините на шампионатот, репрезентацијата на Австрија.

Се вчитува...