Шпанија, Русија и Црна Гора убедливи, Литванија ја преживеа пеколната Тузла

Шпанија стигна и до третата победа во групата во која се наоѓа и Македонија откако, очекувано славеше над Украина со 88-74. Шпанците фаворитската улога ја потврдија уште од самото отварање на натпреварот, а продолжија во исто темпо и до самиот крај.

Прво име во составот на „црвената фурија“ беше Лопез-Аростегуи со 15 поени, 3 скока и 3 асистенции, додека Рендл ги предводеше Украинците со 21 поен, 5 асистенции и 4 скока.

Standings provided by SofaScore LiveScore

На победа се радуваше Русија која ја совлада Холандија на домашен терен со 80-69. Предводник на Русите со 17 поени и 3 скока беше Комолов, додека поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Клоф ги преводеше „лалињата“ со 14 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Црна Гора и Франција ја продолжија битката за првата позиција во групата „Е“ откако славеа убедливо над Унгарија и Португалија. Црногорците до победа од 67-83 ги предводеше Михајловиќ со 27 постигнати поени, додека лидер на Французите со 15 поени беше Лабаје.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Бугарија стигна до првата победа во квалификациите откако на домашен терен славеше со 79-70 против Чешка во натпревар „да се биде илие не“. До победа Бугарите ги предводеше натурализираниот Американец Бост кој мечот го заврши со 24 поени, 6 асистенции и 5 скока, додека Хрубан со 21 поен и 6 скока беше лидер на Чесите.

Со овој тирумф Бугарите лесно можат да се најдат во следната фаза од квалификациите за Мудијалот бидејќи имаат позитива од девет поени пред гостувањето во Чешка.

Од истата група Литванија остана перфектна по три одиграни натпревари откако го преживеа пеколот на преполната сала во Тузла, славејќи со 77-78. Халиловиќ беше лидер на домаќините со 20 поени, додека Олисевичиус постигна 18 поени за гостите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...