Шпанија очекувано убедливо славеше на натпреварот со Тунис (101-62), на првиот натпревар што „црвената фурија“ го одигра на СП во Кина. Тунижаните изненадија со одлична игра во првата четвртина што дури и ја добија со минимални 16-17, по што следеше очекуван пресврт. Клучна беше третата четвртина што Шпанците ја добија со 30-8, осигурувајќи си убедлив триумф, што на крајот беше изразен со конечни 39 поени разлика.
Рики Рубио со 17 поени и 9 асистенции беше најдобар поединец во шпанскиот табор, Љуљ постигна 16 поени, а Хуанчо Хернангомез го заврши мечот со 13 поени.
Аргентина немаше никакви проблеми на отворањето против Јужна Кореја, меч што „гаучосите“ го добија со резултат 95-69. Кампацо и покрај незгодната повреда настапи на оваа средба и постигна 11 поени и 6 асистенции, а најефикасни во аргентинскиот табор беа Лапровитола со 17 и Скола со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА