Шпанија шампионски со Германија, Исланд подобар од Данска (ВИДЕО)

Шпанија дојде до втората победа на Европското првенство, убедливо триумфираше во дербито со Германија со 33-26 и е на првата позиција на табелата во конкурнецијата Ц. Шпанците беа сигурни во текот на целата пресметка и германскиот состав не беше конкурентен за успех на овој дуел. Алекс Душебајев со шест гола беше прв стрелец во победничкиот тим, Пекелер со пет гол беше најефикасен кај Германија.

Шпанците во послендото коло играат против Холандија, а Германија втората победа и потврда на пласманот во главната фаза ќе ја бара во дуелот против Летонија во завршното коло.

Исланд со победа го почна европскиот шампионат. И тоа значајна, против составот на Данска. Предводени од Арон Палмарсон кој постигна 10 гола, Исланѓаните забележаа триумф од 31-30. Во оваа група претходно, во првото коло  Унгарија славеше над Русија. За прв триумф на ЕП, Данска во вторто коло се соочува ос Унгарија, додека Исланд оди на Русија.

 

 

Репрезентацијат на Црна Гора дојде до премиерниот триумф на шампионатот, во балсканскиот дуел беше подобра од Србија со 22-21. Србите сега се со два пораза, претходно загубија и од Белорусија, Црна гора има шанса за втората позиција. Во завршната рунда се соочува со Белорусите со кои во моментов има идентичен биланс.

 

 

 

Се вчитува...