Шпанија супериорна, Тунис останува без бодови

 

mec baner

Репрезентацијата на Шпанија го победи Тунис со 21-26 (10-12)   во вториот натпревар од Грпата Б на СП во Франција. Шпанците со оваа победа и се придружија на Словенија со максимални четири бода, а Тунис останува без бодови по првите две кола во Мец.

Шпанците имаа контрола на играта и на резултатот во текот на целиот натпревар. Ги дозираа силите одржувајќи постојано 2-3 гола предност. Последната шанса да ја анулираат негативата Тунижаните не ја искористија во 47.минута кога беше исклучен Виран Морос. Тунис не искористи седмерец  да дојде на гол разлика (16-18), а не ја искористи ни шансата со играч повеќе на терен. На спротивната страна поентираше Гурбиндо, а потоа Ривера зголеми на на 17-20 и одново ја врати Шпанија на сигурна дистанца и ја осигура втората победа на СП.

Томас и Балагер беа најефикасни во составот на  Шпанија со по пет гола, а исто така пет гола за Тунис постигна Туми.

Се вчитува...