Шпанија убедлива, Украина ја демолираше Србија

Фудбалската репрезентација на Шпанија продолжува со одличните игри во квалификациите за Европското првенство 2020. година, откако ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Фарски Острови совладувајќи ги со 1-4. „Црвената фурија“ рано поведе со голот на Серхио Рамос во 6. минута. На 0-2 зголеми Хесус Навас во 19. минута. Домаќините се вратија со голот на Олсен во 30. минута, но Шпанците по само четири минути игра дојдоа повторно до два гола разлика откако Гестсон си постигна автогол. Конечните 1-4 ги постави Гаја во 71. минута.

Србија доживеа дебакл на гостувањето во Украина, губејќи со 5-0. Украинците беа подобри во текот на целиот меч, а срамот на Србите го почна Циганков со головите во 26. и 28. минута. Во второто полувреме двапати во листата на стрелците се запиша и Коноплјанка, а еден гол постигна и Јаремчук.

Резултати квалификации за Евро 2020:

Македонија – Полска 0-1, Австрија – Словенија 1-0, Летонија – Израел 0-3, Грузија – Гибралтар 3-0, Црна Гора – Косово 1-1, Чешка – Бугарија 2-1, Данска – Р. Ирска 1-1, Литванија – Луксембург 1-1, Норвешка – Романија 2-2, Шведска-Малта 3-0, Фраски О. – Шпанија 1-4 и Украина – Србија 5-0.

Се вчитува...