„Шпанска серија“ во Ферари: Претседателот со моќна порака до Хамилтон и Леклер

Претседателот на Ферари, Џон Елкан им порача на возачите на италијанскиот тим, Луис Хамилтон и Шарл Леклер помалку да говорат во јавноста и повеќе да се концентираат на возењето по новиот неуспешен гран-при викенд во Бразил.

Додека Леклер го критикуваше тимот со желба да претендира за освојување на шампионската титула, Хамилтон изјави дека неговиот сон за возење во црвениот болид се претворил во кошмар.

„Ако ја погледнеме сезоната во Формула 1 можеме да кажеме дека имаме механичари и инженери кои добро си ја вршат својата задача да го подобрат болидот, но ако ги погледнеме останатите работи, тие не се на ниво. Дефинитивно оимаме возачи кои мораат да се концентрираат на возењето и помалку да говорат, бидејќи се уште имаат важни трки пред себе“, изјави Елкан.

Се вчитува...