Шпанската Ла Лига се жали до УЕФА против ПСЖ и Сити

Шпанската фудбалска Ла Лига, поднесе официјална жалба на адреса на УЕФА во која тврдат дека ПСЖ и Манчестер Сити го прекршиле финансискиот фер плеј со останувањето на Килијан Мбапе и трансферот на Ерлинг Халанд. Жалбата ја поднел претседателот Хавиер Тебас.

Во жалбата, Шпанците тврдат дека парите кои ги заработуваат двата „државни клуба“ во сопственост со ентитети поврзани со државите ОАЕ и Катар, „вештачки го дуваат пазарот, а парите не се генерирани во фудбалот“.

„Ла Лига смета дека нерегуларното финансирање на овие клуботи се врши по пат на директно вбризгување на пари или низ спонзорски или други договори кои не одговораат на пазарните услови и немаат економска смисла“, се наведува во соопштението.

Шпанските медиуми наведуваат дека Ла Лига ангажирала и правни застапници во Швајцарија, каде се наоѓа УЕФА, за да поднесат посебна тужба против газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, поради наводен судир на интереси.

Сето ова е покренато поради тоа што ПСЖ ја доби битката со Реал Мадрид за Килијан Мбапе кој продолжи договор на три бодини. Набрзо после тоа Ла Лига се жалеше до УЕФА дека според правилата на финансискиот фер-плеј, ПСЖ никако не можел да го задржи фудбалерот. ПСЖ и Сити не се огласувале околу оваа тужба.

Се вчитува...