Шпанскиот херој бесен на Барса, Луис Енрике го чека со раширени раце…

Феран Торес ги живее најубавите моменти во животот откако го постигна победничкиот гол за Шпанија во мундијалското финале, но одличниот напаѓач размислува и за сериозна одлука поврзана со натамошната кариера, по најновата рунда неуспешни преговори со Барселона.

Феран има уште една година од договорот со каталонскиот гигант, Деко и Лапорта му тврделе дека сериозно сметаат на него и сакаат да го задржат, но понудата што му ја дале за продолжување на соработката била речиси двојно пониска од она што Торес го очекувал. Голгетерот е видно разочаран и бесен, по што му дал инструкции на својот агент што поскоро да најде нов клуб.

Реал Мадрид не криеше дека сака да го доведе Феран на „Сантијаго Бернабеу“, но шпанскиот репрезентативец ја отфрлил оваа можност, одбивајќи да направи мега-предавство со преселба директно од Барселона во Реал.

ПСЖ во моментов е главен фаворит во трката за Торес, Луис Енрике има исклучително високо мислење за овој фудбалер нудејќи му можност да му се приклучи на двократниот европски првак. Француските медиуми тврдат дека ПСЖ целосно ги прифатил условите што ги побарал Феран, но остнаува проблемот на отштетата – „светците“ одбиваат да платат 50 милиони евра за фудбалер што следното лето ќе биде слободен.

Останува да се види дали овој проблем во преговорите ќе биде надминат, за Феран Торес да се пресели во Париз или напаѓачот ќе мора да остане уште една сезона во Барса и потоа како слободен играч ќе си замине од „Камп Ноу“.

Се вчитува...