Ѕвездата на шпанската репрезентација Ламин Јамал веќе прави хаос во репрезентацијата на Шпанија. Се одлучил да оди на интервенција, наместо да игра за својот национален тим, и тоа го сторил без ничие знаење и консултација. Лекарите на националниот тим биле известени дури околу 23 часот синоќа.
На оваа информација реагираше и селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте кој „полуде“ од веста дека нема да смета на Јамал на престојните натпревари.
„Постојат одредени процедури, и никогаш не сум се нашол во ваква ситуација. Сметам дека ова не е нормално. Нормално дека сум во шок, изненаден сум како и сите останати. Нема никакви информации, не знаете никакви детали, особено кога здравјето е во прашање, и потоа следува изненадување“, рече Де ла Фуенте.
Така Јамал нема да игра за Шпанија за мечевит против Грузија и против Турција, и веднаш била повикана замена, односно дополнителен повик доби Хорхе де Фрутос од Рајо Ваљекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

