Шпанските ѕвезди привлекоа бројни фанови уште на првиот тренинг во Полска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

По вчерашното пристигнување во Гдиња, ѕвездите на младата шпанска репрезентација од Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан… привлекоа бројни посетители уште на првиот свој тренинг во Полска пред стартот на Европското првенство и утрешниот дуел против Македонија.

Хектор Беларин од Арсенал, Микел Мерино од Борусија Дортмунд, Саул Нигез од Атлетико Мадрид, Марко Асенсио од Реал Мадрид, Инаки Вилијамс од Атлетик, Денис Суарез од Барселона, Жерард Делофеу од Милан… се само дел од имињата на „црвената фурија“ која без сомнение е можеби и најмоќната селекција на Европскиот шампионат во Полска.

Шпанците самоуверено делуваа и на вчерашниот свој прв тренинг во Полска, како што истакнаа по самото доаѓање, дека очекуваат да го освојат првото место во Групата Б во кој, покрај со македонската селекција, ќе играта и со Португалија и со Србија.

[new_royalslider id=”688″]

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра утре (17. јуни) со почетокот од 20:45 часот на стадионот „Миејски“ во Гдиња.

Се вчитува...