Шпанците анализираат: Македонија е зависна од Кире Лазаров

mec baner

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе ги одмери силите со моќната „црвена фурија“, а Шпанците многу добро знаат од каде доаѓа најголемата опасност по нивниот гол. Нашиот капитен Кире Лазаров е еден од адутите на Барселона, а претходно го носеше и дресот на Атлетико Мадрид, клубот кој се преименува со распадот на Сиудад Реал. А, колку што е важен за Барселона, Кире Лазаров уште сто пати повеќе е важен за македонскиот национален тим. Го знае тоа и селекторот Жорди Рибера, како и соиграчот на Кире од Барселона, голманот Гонзало Перес де Варгас.

„Многу добро знаеме од каде доаѓа најголемата опасност. Кире Лазаров е играч од врвна класа и на него ќе треба да посветиме посебно внимание. Доколку продолжиме со добрата игра во одбраната и на мечот со Македонија, мислам дека ќе успееме да го сопреме. Но, Лазаров не е опасен само како стрелец, туку и како разигрувач и асистент. Македонија дефинитивно е зависна од него“, вели селекторот на Шпанија.

Голманот Гонзало Перез де Варгас добро го познава Кире Лазаров, тренира со него во Барселона, но вели и дека тоа не мора ништо да значи.

„Се познаваме одлично. И јас го познавам него, и знам како функционира, но и тој ме знае мене. Ова е еден интересен меч, се надевам дека ќе продолжиме со победите“, истакнува Де Варгас.

Се вчитува...