Шпанците „фуриозно“ со Израел, Италија ја прослави „1.000“ на Буфон со триумф над Албанија

Во квалификациската Група Г за пласман на СП 2018 во Русија во која е селекцијата на Македонија, во останатите два натпревари Шпанија лесно со 4-1 славеше против Израел, додека Италија ја совлада Албанија со 2-0.

Шпанците победата против Израел ја најавија уште во 13. минута со голот на Давид Силва. На 2-0 зголеми Витоло во 45. минута, а за 3-0 стрелаше Диего Коста во 51. минута. Израелците единствено успеаја да постигнат почесен погодок преку Рафаелов во 76. минута, за да Иско во 88. минута ги постави конечните 4-1.

All Goals & highlights – Spain 4-1 Israel – 24… by taftadarka2016

Италија, пак, јубилејниот илијадити професионален натпревар на Џанлуиџи Буфон го прослави со победа над Албанија од 2-0.

bufon

Де Роси од пенал во 12. минута погоди за водство од 1-0, а Имобиле во 71. минута ги постави конечните 2-0.

All Goals – Italy 2-0 Albania – 24.03.2017 ᴴᴰ by mohtv

ГРУПА Г – РЕЗУЛТАТИ (5. КОЛО)

Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0-3

Шпанија – Израел 4-1

Италија – Албанија 2-0

ТАБЕЛА: Шпанија 13 бода, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, МАКЕДОНИЈА 3, Лихтенштан без бодови

Се вчитува...