Шпанците ја освоија титулата на ЕП до 21 година

Фудбалската репрезентација на Шпанија е европски првак за фудбалери до 21 година, откако во финалето ја совлада Германија со 2-1. Ова е реванш на „црвената фурија“ за поразот од пред две години (1-0) во финалето на шампионатот на кој учествуваше и Македонија.

Шпанија дојде во водство со прекрасниот гол на Фабијан Руиз во осмата минута. Тој упати силен и прецизен удар од 30 метри и го совлада германскиот чувар на мрежата. Во 69.минута, Дани Олмо зголеми на 2-0.

Германците никогаш не се предаваат лесно, Надием Амири во 88.минута постигна гол за надеж, но, сепак, трофејот им припадна на Шпанците.

Се вчитува...