Шпанците останаа без клучен играч за СП во Кина

Шпанија ќе биде значително ослабена на претстојното СП што следниот месец ќе стартува во Кина, откако Серхио Родригез објави дека нема да биде во можност да му помогне на националниот тим. Одличниот плејмејкер има зад себе пренапорна сезона во која освои бројни титули со ЦСКА Москва, се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата, па побара разбирање за барањето да одмори во текот на летово.

„Ова ми се нема случено досега, но чувствувам дека летово дефинитивно ми е потребен одмор. Се чувствувам исцрпено и на физички и на ментален план и нема да бидам во можност да го дадам својот вообичаен придонес“ – истакна Родригез.

Покрај плејмејкерот на ЦСКА Москва, шпанскиот состав ќе биде дополнително ослабен и со неиграњето на Серж Ибака, а големи се шансите во Кина да не патува ниту најголемото засилување на Барселона, Никола Миротиќ.

Предводници на шпанскиот состав во Кина ќе бидат Рики Рубио и Марк Гасол, помогнати од двете „ѕвезди“ на Реал Мадрид, Серхио Љуљ и Руди Фернандез, кои се враќаат во националниот тим откако не настапија на Евробаскет 2017.

Се вчитува...