Шпанците потврдија: Вардар ја плати клаузулата за Гедбан

Калифа Гедбан е изборот на Вардар за нов голман откако македонскиот првак постигнал целосен договор со шпанскиот клуб Пуенто Хенил околу трансферот на алжирскиот голман. Овој 21-годишен чувар на мрежата веќе извесно време се наоѓаше на листата со желби на „вардарци“, за конечно да биде најден заеднички јазик. Пуенто Хенил на својата официјална веб-страница објави дека е постигнат целосен договор откако „црвено-црните“ се согласиле да ја платат клаузулата за Гедбан.

„Нашиот клуб потврдува дека е договорен трансферот на Калифа Гедбан во македонскиот клуб Вардар. Со платената клаузула од страна на Вардар, нашиот договор со Калифа е раскинат“ – објави Пуенто Хенил.

Се очекува во текот на денешниот ден „вардарци“ да го официјализираат трансферот на младиот Алжирец, кој ќе го заземе местото во тимот на Страхиња Милиќ.

Се вчитува...