Шпанците шокирани од „Максимир“: Ова е еден од најгрдите стадиони во Европа

Динамо во овој момент игра против Селта Виго на „Максимир“ во рамките на 4. коло во Лигата на Европа. Новинарите кои патувале во Загреб, го коментирале стадионот како еден од „најгрдите“ во Европа.

Весникот „Фаро де Виго“ ги потсети своите читатели дека Загреб помина низ тешка година во 2020 година – глобалната пандемија на коронавирус и силниот земјотрес што оштети бројни згради во градот, вклучувајќи ги и темелите на стадионот „Максимир“.

„Навивачите што ќе пристигнат на стадионот Максимир ќе забележат дека, дури и по свирежот на отворањето, источната трибина – онаа спроти главните телевизиски камери – ќе биде целосно празна. Ова не е дисциплинска казна или бојкот на навивачите, туку фактот дека овој дел е затворен од март 2020 година од безбедносни причини“, пишува Фаро де Виго.

Шпанците излегоа со големи критики, тврдејќи дека тоа е најгрд стадионот во Европа. Неодамнешна анкета го прогласи Максимир за трет најгрд стадион во Европа.
Сепак од „Фаро де Виго“ споменуваат дека ниту нивниот стадион не е ништо подобар, и дека на листата завршил како второпласиран. Но, овој стадион сега се реновира и наскоро ќе добие нов лик.

Се вчитува...