Шпанците со моќен тим во Кина: Гасол, Љуљ, Рубио…

Шпанскиот селектор Серхио Скариоло го објави списокот од 12 кошаркари кои ќе ги бранат боите на „црвената фурија“ на светскиот шампионат во Кина. Кормиларот на шпанскиот национален тим од почетокот на подготовките не можеше да смета на Миротиќ, Ибака, Серхио Родригез и на Фелипе Рејес, а по одиграните контролни натпревари Скариоло реши од последниот список да ги избрише Илимане Диоп и Хаиме Фернандез.

Составот на „црвената фурија“ е одлично покриен на сите позиции, предводен од центарот Марк Гасол, со силна поддршка од Рубио и Љуљ на бековските позиции.

Шпанија се наоѓа во група со Иран, Порторико и Тунис, при што „фуријата“ е голем фаворит за освојување на првото место.

СОСТАВ:

Рики Рубио, Серхио Љуљ, Квино Колом, Рудри Фернандез, Пау Рибас, Чави Рабаседа, Хавиер Беиран, Хуанчо Хернангомез, Марк Гасол, Вили Хернангомез.

Се вчитува...