Шпанците со триумф над Норвешка си обезбедија ЕВРО 2024, и ја повлекоа Шкотска со себе (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија обезбеди настап на ЕВРО 2024 откако во Групата А во шестиот свој натпревар низ квалификациите триумфираше со 0-1 на гостувањето против Норвешка.

На тој начин Шпанците обезбедија место на ЕП, а со себе ја повлекоа и Шкотска. И двете селекции сега се со пет бода предност на водечките две позиции пред Норвежаните кои имаат само еден меч за играње до крајот на квалификациите.

Победата на Шпанија во Норвешка им ја донесе Гави во 49. минута од средбата.


Standings provided by Sofascore

Во Групата И, пак, Романија е на добар пат кон ЕП 2024 откако триумфираше убедливо против Андора со 4-0.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...