Шпанците тврдат: Левандовски во Барселона од 11. јули

Шпанските медиуми денеска пишуваат дека трансферот на Роберт Левандовски во Барселона е веќе готова работа. Полјакот во следните неколку дена треба да се договори со „Каталонците“, а веќе има датум кога треба да се приклучи на подготовките на екипата, а тоа е 11. јули.

Сепак, „АС“ напоменува дека преговорите меѓу Барселона и Баерн Минхен нема да одат лесно, односно „Баварците“ нема да се согласат така лесно на трансфер, па Барса ќе треба добро да се намачи.

Шпанскиот новинар Жозе Алварез пишува дека капитенот на Полска би можел дури да преземе и драстични мерки, па дури и да одбие да тренира со Баерн, само да изнуди трансфер во Барса.

Се вчитува...