Штербик му донесе триумф на Манасков над Лазаров

Дејан Манасков и Веспрем славеа во пресметката со Кире Лазаров и Нант (28-24) во второто коло од силниот меѓународен турнир што се одржува во Стразбур.

Унгарскиот гигант играше на повисоко ниво во однос на актуелниот европски вицешампион, Веспрем од самиот почеток успеа резултатски да се одлепи и потоа беше во водство до крајот на мечот. Во главна улога беше Арпад Штербик, кој во неколку наврати влезе во серија на одбрани и ги откажа противниците, овозможувајќи му на Веспрем да го контролира резултатот.

Нант пред крајот на полувремето намали на 14-13, но Манасков и соиграчите повторно заиграа во повисок ритам на стартот од вториот дел, не дозволувајќи триумфот да им биде доведен во прашање.

Кире Лазаров постигна четири гола од девет обиди, Манасков не се запиша меѓу стрелците, додека Штербик го заврши мечот со 18 успешни интервенции.

Се вчитува...