Штерјов е најново засилување на Охрид

Александар Штерјов е најновото засилување на АВ Охрид, со кое овој прволигаш уште еднаш ги потврди сериозните амбиции со кои ќе влезе во новата сезона. Тренрот Илиевски беше во потрага по домашен играч кој ќе ја покрие центарската позиција, а изборот падна токму врз Штерјов, кој потпиша едногодишен договор со охриѓани.

Тој доаѓа како засилување од таборот на Кожув, а претходно има настапувано и за екипите на Вардар, МЗТ Скопје, Куманово…

Охрид претходно потпиша договори и со Младеновиќ, Лефкоски, Пенов и Мекиќ, создавајќи квалитетна база на домашни кошаркари. Од странците ангажиран е одличниот Данило Мијатовиќ од таборот на Блокотехна, а се очекува во следниот период да биде доведено и квалитетно американско засилување за бековските позиции.

Се вчитува...