Штерјов: Со борбеност да потврдиме дека квалитетот е на наша страна

ЕКИПА во Фрибург, Швајцарија

Стеван Цаневски

Александар Штерјов имаше зад себе успешна сезона во Куманово, помагајќи му на овој клуб да стигне до полуфиналето во плејофот. Тој го заслужи повикот на селекторот Давитков и сигурно ќе даде свој придонес на дуелот во Фрибург против Швајцарија, на кој ќе настапиме со значително променета центарска линија, без Хендрикс, Младеновски и Николовски.

„Очекувам да одиграме борбено, тоа е единствениот начин да потврдиме дека квалитетот е на наша страна. Знаеме дека првиот натпревар го добивме убедливо, но тоа не значи ништо во пресрет на денешниот меч, мораме да одиграме максимално ангажирано. Имаме и предност од 15 поени, но не треба да се потпираме на тоа, целта не ни е да ја браниме таа позитива, туку повторно да победиме. Центарската линија ни е променета, новиот Американец добро се адаптираше и очекувам сите да го дадеме максимумот и на крајот да се радуваме на тој триумф“ – истакнува Штерјов во пресрет на денешниот меч.

Се вчитува...