Штерјовски: „Чкембари вие сте една обична нула“

Поранешниот шеф на стручниот штаб на Пелистер, Зоран Штерјовски распали по навивачката група на битолскиот тим, Чкембари. Тој вели дека не само што не добил никаква поддршка од нив, туку дека и се уште добива закани по неговиот живот и неговите блиски.

„Уште со самото назначување како тренер на ФК Пелистер АД, па до денес не престануваат навредите, пцовките, па и заканите по живот кон мене и мојата фамилија од страна на навивачката група ‘Чкембари’. Сум бил во многу клубови кај нас, па и во странство, но ова досега не сум го доживеал. Нема што да се трошат зборови за вас повеќе, вие сте една обична нула“, вели Штерјовски.

Се вчитува...