Штета: Продолженијата повторно кобни, крај на европската авантура на Вардар! (ВИДЕО)

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар ja заврши својата европска авантура летово откако вечерва по продолженија загуби на гостувањето кај Рига со 5-2 во реваншот од 2. коло од Конференциската лига на УЕФА. Исто како и во двомечот со Купс така и сега клучен беше поразот на домашен терен овојпат од Летонците со 2-3.

Вардар до водство дојде  во 17. минута по извонредниот гол со волеј-удар на Давид Бабунски.   

Но, веќе во 19. минута директен црвен картон за Најдоски кој стартуваше пред македонскиот гол, па до крајот „вардарци“ ќе играат со фудбалер помалку. Домашните по исклучувањето на Најдовски комплетно доминираа со неколку 100% шанси, но одличен на голот на Вардар беше Давор Талески кој спречи најмалку четири извонредни шанси на Летонците за гол.

Во вториот дел Вардар излезе многу похрабро, а сето тоа вроди со плод во 66. минута кога прецизно стрелаше капитенот Азер Омерагиќ за 0-2.

Riga FC 0-2 Vardar [3-4 on agg.] – Azer Omeragic 66'
byu/Meladroit10 insoccer

Сепак, избраниците на Кристијан Фабијани не успеаја да се одбранат. Таиво во 87. минута намали на 1-2 и натпреварот го однесе во продолженија.

Riga FC [1]-2 Vardar [4-4 on agg.] – Abdulrahman Taiwo 87'
byu/Meladroit10 insoccer

Таму Рига веднаш дојде до израмнување 2-2 преку Ауани во 92. минута. Во 105. минута беше и 3-2 со погодокот на Иаго Сиквера. На крајот на првото продолжение стигна до мало кошкање на актерите на теренот, по кое црвен картон доби тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани.

Riga FC [2]-2 Vardar [5-4 on agg.] – Raki Aouani 92'
byu/Meladroit10 insoccer

На 4-2 зголеми Региналдо Рамирес во 109. минута, додека конечните 5-2 беа дел на Фереира во 117. минута.

 

Се вчитува...