Штета: ТФТ поразен од Широки Бријег, но јадранскиот сон се уште постои

Кошаркарите на ТФТ ја загубија финалната серија во АБА 2 лигата со 2-0, откако и вечерва загубија на домашен терен од Широки Бријег со 86-87.

Македонскиот тим подобро го отвори натпреварот. Избраниците на Боро Смилковски погодуваа од секоја позиција па по десет минути имаа позитива од 25-21. Во вториот период одбраните дојдоа до израз, но и во таква игра ТФТ подобро се снајде па на пауза замина со позитива од осум поени 43-35.

Гостите подобро отворија во вториот дел. Одиграа добра трета четвртина по која стигнаа на негатива од само два поени 61-59. Натпреварот влезе во неизвесна завршница. Гостите на плус три направија неспортска лична над Ташовски кој постигна две слободни и намали на 84-85, а домашниот тим имаше напад за победа. Говенс постигна поени за 86-85, а Широки имаше напад за победа на 9.5 секунди до крајот.

Трајс беше нерешлива енигма за нашитот тим и со неговиот 30 поени на 4 секунди до крајот донесе ново водство за Широки 86-87. Гордон не успеа да слави, а Широки обезбеди пласман во елитното јадранско друштво. Токму Трајс со неговите 30 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ентони Говенс заврши со 23 поени.

Сепак, ТФТ ќе има уште една шанса за пласман во елитата откако ќе одигра бараж серија против претпоследниот тим од АБА 1 сезонава, Борац Чачак.

 

Се вчитува...