ШТЕТА: Вардар даде се од себе, но Купс е во 2. коло од ЛШ (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го заврши својот настап во квалификациите во Лигата на шампионите сезонава откако во двомечот во 1. коло загуби од фински Купс со вкупни 4-3.

На крајот како клучен се покажа првиот натпревар во Скопје одигран пред седум дена кој Финците го добија со 0-2. Вардар денеска одигра многу подобро. Добрата игра резултираше со гол на капитенот Омерагиќ во 59. минута за водство од 0-1. До крајот на регуларните 90. минути „црвено-црните“ целосно ја анулираа негативата откако по еден фаул над Родригес со проверка на ВАР беше досуден пенал кој успешно го реализираше Закариќ за 0-2.

KuPS 0-1 Vardar [2-1 on agg.] – Saku Savolainen OG 59'
byu/atbg1936 insoccer

Во продолженијата во 100 минута Купс преку Армах намали на 1-2, резултат со кој повторно беше во 2. коло во ЛШ.

Само две минути подоцна нашиот шампион повторно се врати во егал (1-3) со погодокот на Пуело. Сепак, следуваше нов студен туш за Вардар откако по играње со рака на Закариќ домаќините добија пенал кој успешно го реализираше Пашишез во 105. минута.

KuPS 1-[3] Vardar [3-3 on agg.] – Ian Puleio 102'
byu/Meladroit10 insoccer

Се вчитува...