Штипјанецот Љупче Михајлов ја освои бронзата на ЕП за јуниори во Прага

Љупче Михајлов ја освои бронзата на ЕП за јуниори во Прага. Ова е дефинитивно уште еден голем успех на штипскиот и македонски спорт.

Михајлов е член на КК ШТИП, а бронзениот медал го освои во категоријата до 68 кгр, успевајќи да го победи Италијанециот Рамос Мат Аугуст со 3-1.

Така, Љупче Михајлов со пет победи на ЕП стигна до третото место и бронзата. Михајлов е новата голема надеж на македонското карате, која продолжува по стапките на штипските легенди – Емил Павлов, Сашко и Жарко Арсовски.

Се вчитува...