Штипјани и натаму подаруваат голови: Македонија ЃП по два кикса на Брегалница до 2-0 на полувремето (ВИДЕО)

Македонија ЃП има убедлива предност од 2-0 на полувремето против Брегалница во првиот натпревар од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.

И покрај тоа што Брегалница имаше целосна иницијатива на теренот, играјќи подобро од противникот, сепак домашните искористија две големи грешки на гостинските дефанзивци за предност од 2-0.

Најпрво, во 36. минута голем кикс на Ацковски, а Попзлатанов одлично го искористи неговото невнимание и стрелаше за 1-0.

Веќе во 41. минута грешка покрај аут линијата и на Азиновиќ, а Попзлатанов мајсторски продре по десната страна нафрли пред голот на Брегалница каде на вториот дирек Стојкоски од неколку метри погоди за 2-0.

Се вчитува...