Стив Кер нема избор: Вака изгледа стартната петорка на Голден стејт…

Екипата на Голден стејт до пред неколку месеци го имаше еден од најсилните ростери во НБА лигата, па и во историјата на кошарката… Но, се се промени за рекордно краток период.

Воините на крајот од минатата сезона на располагање ги имаа Кевин Дурант, ДеМаркус Казинс, Клеј Томпсон, Стив Кари и Дрејмонд Грин. Но, потоа следеа шок до шок за навивачите на тимот: Дурант се повреди и си замина од клубот, Томпсон се повреди, Казинс си замина, Кари се повреди и Грин се повреди.

Па во едни такви околности тренерот Стив Кер на синоќешниот натпревар против Портланд на паркетот изведе стартна петорка можеби најслаба откако во 2014 година седна на клупата на тимот од Сан Франциско.

Во почетната петорка на Голден Стејт беа Вили Коли-Стејн, Глен Робинсон, Џордан Пул, Ерик Паскал и Ки Боуман. И во една таква ситуација Вориорс успеаја да победат против Портланд со 127-118, за втор триумф сезонава во седум одиграни натпревари.

Се вчитува...