Што е следно за кошаркарите – Косово и Заре Марковски…

Македонската кошаркарска репрезентација успеа да го осигура првото место во својата група, обезбедувајќи пласман во следната рунда квалификации за Евробаскет 2021.

Сепак, патот до европскиот собир ќе биде долг ако се знае дека пред „црвено-жолтите“ е уште еден претквалификациски циклус против ривали кои ќе мораат да се совладаат ако се сака да се продолжи со напредокот.

Според ждрепката извршена уште пред извесно време, Македонија ќе се во групата Б од втората претквалификациска рунда, во која „црвено-жолтите“ против себе ќе ги имаат последните репрезентации од две групи од квалификациите за СП во Кина. Поточно, станува збор за групата Ц, каде последна сигурно е репрезентацијата на Косово, како и групата Д, каде по се изгледа „фенерот“ ќе припадне на Романија, чиј селектор е Заре Марковски.

Имено, Романците денеска беа декласирани од Холандија со 77-52, па сега им преостанува само уште една последна шанса – триумф на домашен терен над Хрватска. Избраниците на Марковски на гостински терен ја изненадија Хрватска во овие квалификации, но мора да се истакне дека во овој јунски циклус за „коцкестите“ настапуваат најдобрит кошаркари предводени од Шариќ и Богдановиќ, што не беше случај при првиот дуел.

Според најавите од ФИБА, натпреварите од овој циклус ќе се играат во септември, ноември и наредниот февруари, а пласман во следната рунда ќе обезбедат само победниците од групите.

Се вчитува...