Што е следно за Шкендија – Грузија или Молдавија

Можеби има уште 90 минути за играње во Велс, но нема никакви дилеми околу патникот во следната рунда од квалификациите за ЛШ, откако Шкендија вечерва го декласираше ТНС со убедливи 5-0, држејќи му лекција по модерен фудбал на противникот од „островот“.

Првата пречка е мината, а следен ривал за тетовци ќе биде подобриот од двомечот меѓу Торпедо од Грузија и Шериф од Молдавија. Првиот меч во Грузија заврши со победа на Торпедо од 2-1, и тоа со пресврт откако Шериф прв поведе во 14. минута.

Без оглед на исходот на реваншот, повеќе од јасно е дека Шкендија нема од што да стравува, бидејќи со квалитетот што го поседува и што го покажува е пред ривалите од Грузија и Молдавија. Секако, тоа мора да се докаже и на теренот, но тетовци делуваат подготвено за испишување на нови страници во клупската историја кога станува збор за европските натпреварувања.

Се вчитува...