Што говореше Ибрахимовиќ за Михајловиќ: Синиша ме учи како да бидам стабилна личност (ВИДЕО)

За жал, најцрните сценарија се остварија, па Михајловиќ денеска почина во клиника во Италија на 53-годишна возраст.

Златан Ибрахимовиќ е еден од луѓето кој што ја имаше таа чест да соработува со Михајловиќ, но покрај тоа што работеа заедно, тие двајца беа и големи пријатели…

„Тој е повеќе од тренер за мене. Ми помага многу и секој ден се дружиме. Имаме ист менталитет и двајцата сакаме да победуваме. Многу добар човек и за него секогаш најважна е фамилијата. Неговите играчи се како неговата фамилија. Сака да им помага на сите. Од него научив да бидам стабилен како личност и дека има многу време за мене и се ќе дојде“, изјави Ибрахимовиќ. 

Се вчитува...