Што им се случи на клиперси против Сакраменто?

Лос Анџелес клиперс загуби добиен натпревар откако на тренерот Док Риверс и неговите избраници им се неверојатен колапс, па и покрај водството од осумнаесет поени (94-76) на пет минути до крајот, сепак на крајот загубија од Сакраменто со минимални 97-98. Клиперси постигнаа само три поени наспроти 22 на противникот, соочувајќи се со пораз во незгодно време, за време на трката со Јута џез за четвртото место во Западната конференција.

Вили Коли-Стајн беше стрелец на победничките поени за „кралевите“, кои го комплетираа еден од најголемите пресврти во клупската историја.

Не престанавме да веруваме. Претходно шутот не ни одеше, но продолживме во ист ритам, погодивме неколку тројки и целосно се вративме“ – изјави Дарен Колисон, кој беше најдобар стрелец на Сакраменто со 19 поени.

[youtube id=”bgBstVTwxJA” width=”640″ height=”380″]

Голден стејт лесно го совлада Мемфис со 106-94, меч во кој Томпсон постигна 31 поен, а Стеф Кари 21 поен за актуелниот вицешампион.

Бостон се израмни со Кливленд на врвот на Источната конференција откако селтикси славеа на домашен терен против Мајами со 112-108. Ајзеа Томас повторно беше лидер на Бостон со 30 поени, 20 од нив во второто полувреме.

Резултати НБА: 

Атланта – Бруклин 92-107, Милвоки – Чикаго 94-109, Шарлот – Феникс 120-106, ЛА клиперс – Сакраменто 97-98, Хјустон – Оклахома сити 137-125, Бостон – Мајами 121-108, Индијана – Филаделфија 107-94, Голден стејт – Мемфис 106-94, Денвер – Њу Орлеанс 90-115, ЛА лејкерс – Портланд 81-97.

Се вчитува...