„Што к** се случува, јас не одам во Милвоки“

Српскиот интернационалец, Богдан Богдановиќ беше топ тема оваа претсезона во НБА лигата. Сагата околку неговиот „трејд“ во Милвоки доби нови размери по кои Бакс беа приморени да откажат од доведувањето на Србинот, а два месеца подоцна за целата ситуација проговоре и самиот Богдановиќ, кој изјави дека за заминувањето од Сакраменто дознал преку социјалната мрежа Твитер.

Според него, вината за целокупната ситуација треба да се бара кај раководството на Сакраменто.

„Кога ја прочитав веста помислив, „Што кој к** се случува?“ Не знаев за нивниот договор, ништо не ми беше јасно. Кога ги видов твитовите за мојот трејд во Милвоки не бев сигурен што се случи, фатен бев без гард. Претходно ми кажуваа како сум важен дел од тимот, дека сакаат да останам, а потоа го направија овој потег и тотално ме шокираа. Ништо не значеше од мене. Кога некој ќе ти ја скрши довербата на такво начин, ништо повеќе не му веруваш. Таа вест ја дознав во два часот по полноќ во Србија и навистина бев збунет“ – изјави Богдановиќ.

На крајот Србинот заврши во редовите на поранешниот клуб на Перо Антиќ, Атланта каде заедно со Тре Јанг го сочинува бековската линија која треба да го врати младиот тим во плејофот.

Се вчитува...