„Што ќе му е на Ѓоковиќ тренер? Него може да го води и мојата мачка“

Познатиот американски тенисер Енди Родик, е еден од оние кои беа на првото место на АТП ранг листата пред големата ера на Федерер, Надал, Мареј и потоа Ѓоковиќ, т.н. големата четворка на светскиот тенис.

Ерата на Родик на врвот заврши во 2003 година откако освои УС Опен, единствен Грен Слем кој го освоил во кариерата. Се јави со свое мислење околу Ѓоковиќ и останувањето без тренер.

„Тоа е веќе чудно поставено прашање, дали нему треба воопшто тренер. Мислам дека мојата мачка може да го тренира и да направи добра работа, веројатно би добивал мечеви“, рече Родик.

Се вчитува...