Што ли појадува Митревски секое утро? Македонскиот голман го украде шоуто во ЛШ (ВИДЕО)

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски го води својот Порто до првата победа во Лигата на шампионите сезонава откако е неверојатен на голот на мечот против Динамо Букурешт.

Нашиот голман досега забележа единаесет одбрани и е главен виновник за предноста на својот тим на десет минути до крајот на мечот. Одличната партија дојде и на мета на Европската ракометна федерација (ЕХФ) која прашува што појадува овој човек кога може вака да брани.

 

 

Се вчитува...