Што ли се случува со Србинот? Ѓоковиќ елиминиран од 123. тенисер на Индијан Велс

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ дефинитивно го има еден од најслабите стартови на годината во неговата кариера. Откако не успеа да ја одбрани титулата на Австрлија опен, Србинот доживеа рана елиминација и на првиот АТП мастерс 1000 турнир во сезоната во Индијан Велс.

Доцна синоќа по средноевропско време Ѓоковиќ во 1/16 финалето беше елиминиран од младиот Италијанец Лука Нарди со 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 6-3. 123. тенисер во светот во осминафиналето ќе игра против Американецот, Томи Пол.

Таму пласман обезбеди и четвртиот носител, Данил Медведев кој со 2-1 (6-4, 5-7 и 6-3) беше подобар од Американецот Себастијан Корда.

Се вчитува...